Жена истури кофа со човечки измет во зградата на судот во Велес
Цела кофа со човечки фекалии утрово, истурила во ходникот на самиот влез во велешкиот суд 47 годишната Марија П. од Башино село. Тоа се случило штом судската полиција ја отворила влезната врата на институцијата.
Марија се обидела да избега но била сопрена и задржана од дежурниот судски полицаец. Случката била пријавена во полиција од каде интервенирале, ја однеле на сослушување во станицата и сега и подготвуваат прекршочна пријава според законот за јавна чистота.
По случката судот го затвори главниот и во зградата сеуште се влегува преку спореден влез. Повикано е лице од одделението за комунална хигиена на градското комунално претпријатие кое треба да го исчисти влезот во зградата на судот.
Марија П. се соочува со нов прекршок. Таа досега има изречена една условна казна а деновиве правосилна стана и пресудата на затворската во времетраење од една година затоа што на 19-ти јули со бензин ја попрска и се обиде да ја запали влезната врата на Основниот суд во Велес. 47 годишната башиноселка претходно се обиде да запали трафостаница на ЕВН и да исече бандера за електрична енергија во знак на револт кон компанијата која тврди дека е должник а жената спротивното дека никому не должи. Против Марија во судот во Велес се водат уште две истражни постапки. Судот чека психијатриско вештачење за пресметливоста на Mарија./Б.Н