Средношколскиот интернат во Велес со донација за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на ЗГ „Гласот на животните“

Објавено на 14 декември, 2018 во 18:28

Srednoskolskiinternat3

Педесет килограми храна за кучиња, 4 душеци и 18 ќебиња за бездомните кучиња згрижени од страна на Здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ – Велес донираа учениците од струката готвачи кои се сместени во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, со директорот Марјанчо Јорданов и воспитувачите .

Srednoskolskiinternat

– Хуманоста е човечка вредност што секојдневно треба да ја покажуваме како граѓани на локалната заедница. Тоа мора да го правиме преку конкретни примери. Денешниот на кој присуствував ми причини особено задоволство затоа што го поттикнаа и го реализираа млади луѓе, наши ученици, средношколци кои се сместени во Општинскиот училишен  дом „Лазар лазаревски“. Тие одлучија да им помогнат на бездомните животни затоа што знаат дека единстено грижа за нив покажуваат активистите од „Гласот на животните“ и по некој Велешанец со изградена свест за помош и поддршка на бездомни животни. Како Средношколски дом ние ќе продолжиме да ги помагаме и понатаму затоа што тоа е желба на нашите згрижени ученици, рече директорот Јордановски.

Srednoskolskiinternat1 fin

Средствата за храната ги собраа ученици сместени во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, откако беше организиран натпревар во готвење со хуманитарен карактер. На натпреварот учениците – готвачи ги покажаа своите афинитети и квалитети за подготвување на слатки. 

Srednoskolskiinternat6 fin

Интересот за настанот кај учениците беше огромен, слатките се продаваа по симболична цена за да бидат достапни за секој ученик и беа продадени во рекордно време, информираа од ОУД „Лазар Лазаревски“./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.