Советот на Општина Велес ќе издвои 15 милиони денари од буџетот за реализација на пет инфраструктурни проекти во општината
Советот на општина Велес , на денешната седница, ќе донесе Одлуки за одвојување на финансиски средства за учество во добиени проекти на Општина Велес со кои, според советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, ќе се решат дел од децениските проблем на граѓаните на општина Велес.
– Благодарение на одобрен проект од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерката 321 за рурален развој ќе се асвалтира патниот правец кон с. Сливник од двете страни, и изградба на улици во с. Сливник. Преку проектот финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе биде асвалтиран постоечки пат до локалитетот Пешти. Исто така Преку проект финансиран од ЕУ преку ИПА програмата од Светска банка Велес ќе добие прва иновативна туристичка акција во државата – Смарт езеро Младост. И последен проект кој што на оваа седница ќе биде усвоен е проектот финансирање од UNDP Велес без бариери ќе бидат нивелирани тротоари на 15 локации во градот со цел да се подобри урбаната инфраструктура за лицата со ограничена мобилност, рече Стево Крстевски од советничката група на СДСМ и коалиционите партнери.
Станува збор за проекти за кои Советот на Општина Велес ќе одвои околу 15 милиони денари. Реалзацијата на проектите се очекува да започне веднаш а да завршат до крајот на 2019 година.
Според локалната власт со овие одлуки се решаваат дел од проблемите со кои се соочуваат граганите на општина Велес. Тие најавија дека и понатаму ќе работеле во насока на донесување на решенија со цел за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општина Велес./У.Ј