Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

NENAD fin

Докторот по интерна медицина, сопственик на приватна здравствена организација, познат граѓански активист и носител на листата на советници на СДСМ на последните локални избори во Општина Велес , Ненад Коциќ, е избран за Претседател на Советот на Општина Велес на 39 седница , вчера, на 29 август. 

Причина да ја прифати кандидатуата е градот Велес да биде поприоритетно и поперспективно место за живеење за сите а особено за младите луѓе кои го напуштаат во потрага по егзистенција и посигурен живот. 

- За мене од секогаш императив била работата за доброто на Велес и граѓаните. Се надевам дека довербата од моите колеги и од велешани ќе ја оправдам и дека поуспешно ќе ја намалиме миграцијата во која огромен број на млади се исселуваат и со тоа опустошуваат и училиштата и улиците. Наша обврска и цел е со мерките што ќе ги превземеме да ги задржиме да живеат тука и животот да го направиме подобар, рече д-р Коциќ.

Тој верува дека со квалитетни предлози, од власта и од опозицијата, преточени во проекти Велес може да биде поубаво и попосакувано место за живот.

Д-р Ненад Коциќ е избран за нов претседател на Советот на Општина Велес откако поранешниот, адвокатот Душко Петров, поднесе оставка од лични и професионални причини./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново