Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PustaKulasoobrakajka1

Жена на триесет и шест години која седела на совозачкото место во автомобилот со кавадаречки регистерски ознаки е во кома додека нејзиниот сопруг на триесет и седумгодишна возраст кој го управувал автомобилот и девојче на десетгодишна возраст што седело на задното седиште се полесно повредени во верижниот судар на угорницата пред место викано Пуста Кула на автопатот Велес- Скопје.

drTodorovski fin

- Една пациентка поточно патничка во возилото кое што директно удира во товарното возило што било пред него се констатирани тешки телесни повреди со видливо надворешно крварење како и со скршеница на левата подлактица. Поради констатирани видливи тешки телесни повреди одлучивме со едно амбулатно возило и со една медицинска екпа веднаш да ја транспортираме на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За време на транспортот пациентката беше со стабилни витални знаци, не свесна и не контактибилна. Двајцата пациенти со полесни телесни повреди, со едно амбулантно возило и една медицинска екипа се пренесени во Ургентните амбуланти на ЈЗУ Општа болница Велес, рече др Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Неговиот колега од ЈЗУ Општа болница Велес, портпаролот др Тодор Јаковлевски вели дека примиле двајца пациенти, вујко и внука од Кавадарци, кои се надвор од животна опасност но се задржани на болничко лекување.

dr Jakovlevski fin

-Тие се хоспитализирани откако ги прегледа специјалист ортопед и специјалист невролог. Направени се ренгенски и лабораториски испитувања кога се констатирани телесни повреди кои не се од витално загрозувачки карактер. Пациентите се задржани на болничко лекување на Оделение за ортопедија на опсервација, додаде др Јаковлевски.

На местото на несреќата увид направи екипа на СВР Велес. Увидот завршил а јавноста ќе биде информирана преку соопштение, рече за дума.мк, портпаролот Верољуб Додевски.

PustaKulasoobrakajka3

Утрово на Пуста Кула, каде што се случи несреќата, имало густа магла. Дел од возачите на петте автомобили и камионот, што учествуваа во верижниот судар, тврдеа дека на патот имало голомразица. Нивните тврдења ги демантира директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

- Се работи за апсолутно прав дел на автопатот, после патарината Отовица и угорницата, каде единствена причина е преголемата брзина. Таму нема дупки, јас секојдневно ја возам таа делница,додаде Китанов.

PustaKulasoobrakajka2

Поради верижниот судар пет часа не се одвиваше сообраќај по автопатот Велес - Скопје. Возилата беа пренасочувани по стариот пат и по новоизградениот Свети Николе - Скопје./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново