Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gjorgj naslovna

„Модерна Баба Ванѓа“ која се занимава со модерна интелигенција за машинско учење и податочно рударење каде преку разни податоци се стекнува знаење кое се пренесува на машините. Вака најлесно,народски, би се објаснила компанијата која врши предвидување врз база на податоци и се вика „Elevate Global“ што ја менаџира велешанецот Ѓорѓи Маџаров, ко-основач и технички директор, реномиран универзитетски професор на „Финки“. Станува збор за стартап компанија со седиште во Скопје чиј софтвер со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки.

laptop fn

Професор Маџаров на свој, едноставен начин, во мотивацскиот говор на нетворкинг ивентот од отворен тип во „Страда кафе“, организиран од „X Фактор Акцелератор“ од Велес и Преда Плус од Битола ја раскажа оваа успешна прказна:

Заслугите несебично ги подели прво со својот тим, второ со семејството, трето, не ги заборави сите свои наставници и професори кои придонеле тој денеска да поседува стартап компанија и во истовреме да го пренесува знаењето на студенти.

- Ниту една не е приказна ако во неа нема повеќе ликови. Во мојата има повеќе заслужни. Ќе почнам од првата наставничка Бурка Абрашева на која и должам многу голема благодарност поради описменувањето и воспитувањето, на професорот по гимнастика Трајче Несинов за физичката подготвеност и склопот од цврст менталнен дух како и всадување на желбата да се успее уште од мали нозе по што одбојката и велешкот ОК „Маслодајна“ ,воден од професорот Петре Петрушевски, кои го збогатија мојот спортски дух и ме научија како треба да се борам за постгнување на успех. Ќе г спомнам класната Билјана Минова и професорите Иван Кичуков, Миле, Александара и уште многу други. Им го должам она што денеска според мојата дефиниција сум успешен и сакам да го правам. Моите најблиски ги оставив за на крај, татко ми Миле, мајка ми Тодорка и другарите особено Тоше, мојот прв цимер, со кого ја правевме првата компјутерска архитектура уште во осмо одделение, рече на почетокот професор Маџаров.

gjorgj fn2

Тој по претставувањето на тимот на „Elevate Global“ за стартапот говореше низ статистичките податоци и математката кои се составен дел на податоците што ги обработуваат и ги презентираат за да дојдат до креирање на модел на тоа што го предвидуваат.

- На пример работиме на електроенергетскиот пазар и предвдуваме генерирање и потрошувачка на струја од соларни панели и ветернци се со цел да се знае колку струја ќе биде произведена или потрошена за да се балансира енергијата. Ако не го правиме тоа нашиот истем ќе колабира ќе падне. Што мислите, што ќе се случи со електроенергетскиот систем ако сите ставиме сончеви панели на покривте на домовите? Електоренергетскиот систем ќе го немаме, ќе изгоре во една минута. Проклето е тешко да ја балансирате електроенергетската мрежа. Мораме да знаеме која е потрошувачката, побарувачката и кој тоа во секој момент ќе го врш снабдувањето. Струјата не може да се однесе во магацин, да се смести со рок на траење. Единствено што може е да се претвори во топлинска енергија додека ако ја има во преголема колчина тогаш ќе се запалат каблите, додаде професор Маџаров.

Почетоците на „Elevate Global“ се поврзани со понудата што професор Маџаров ја добил од германска компанија од Берлин за работа во секторот за вештачка интелигенцја и машинско учење. Но наместо неа ја избрал понудата на својот пријател од факултет да формираат приватна компанија преку која токму од Македонија ќе му покажат на светот што знаат и што умеат младите Македонци.

- Седнавме на кафе и мојот пријател ми рече: Горги имам идеја, ајде да создадеме компанија, да му покажеме на светот дека можеме одовде. Навстна можеме од Велес, од Скопје, од Битола, од Кавадарци, од Кичево, можеме од секаде.Ако се почитуваме ние можеме. Можеме ако позади нас стојат луге кои знаат, кои ќе не поддржуваат. Можеме ако лугето како игор Андреев се обидат на младите од најрана возраст, од средношколски денови, да им дадат новативна компонента во образовниот процес што го имаме во државата. Можеме од секаде и можеме ако сакаме. Тоа е тоа што сакам да го порачам: Можеме ако сакаме, затоа што можеме и знаеме. Ако можеме а не знаеме тогаш треба да го побараме знаењето, од каде да научиме, купиме,прашаме но ние можеме, рече професор Маџаров.

andreev fn

Неговата умешност да пренесе знаење, информации, да работи, да истражува на полето на вештачката интелигенција не случајно овој млад велешанец го прават ценет истражувач, менаџер и универзитетски професор. Велес, поточно малкумина во неговот роден град, можеби знаат за неговите квалификации, способности и резултати.

gjorgjsosemejstvoto fn

Професор Маџаров со семејството

ZAEDNCKA fnpos

Сега, кога „X Фактор Акцелератор“ од Велес и „Преда Плус“ од Битола го промовираа во заедничката претприемничка програма "И од Велес се може" останува да следиме колку родниот град а колку државата се подготвени да го внесат во предизвиците за решавање на проблемите кои се од јавен интерес, поточно за заедницата, независно дали се локални или нацонални.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново