Д-р Бојаџиев: „Секоја генерација и секое време има свои борби и свои херои“
7.04.2020
Директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Божидар Бојаџиев денеска им упати честитка на колегите вработени во ЈЗУ Општа болница Велес по повод светскиот ден на здравјето. Во неа тој на вработените им честита на храброста и ги поттикнува да истраат во битката со коронавирусот.
„Во ова време на невреме, кога сето внимание е насочено кон борбата со пандемијата со ковит 19 и кога 7 ми април ,светскиот ден на здравјето минува во сенка на оваа битка на сите здравствени работници и останат помошен персонал сакам да им изразам најдлабока почит и благодарност за несебичното себевложување во носењето на главниот товар во борбата со пандемијата .
Верувам во вашата стручност ,пожртвуваност и храброст и истовремено апелирам ,максимално да ги почитувате пропишаните протоколи кои ги има од самиот почеток на пандемијата,чувајте се, штитете се во и надвор од работните места, затоа што вашата улога, вашето здравје е од примарно значење во овој момент во државата,“ напиша д-р Бојаџиев.
Во време на епидемија на коронавирусот денот на здравјето не се одбележува со дополнителни настани освен работно./У.Ј