Граѓаните, изминатиот викенд, го почитувале полицискиот час но сите не носеле заштитни маски
Објавено на 5 април, 2021 во 15:05
05.04.2021
Секторот за внатрешни работи Велес, во изминатите 48 часа, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентира вкупно 72 лица во Велес, Кавадарци и Неготино.
Од вкупниот број 21 лице не носело заштитна маска во Велес, 47 во Кавадарци и четири во Неготино.
Против лицата ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата.
Во истиот период полициските службеници не евидентирале случаи на непочитување на забраната за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот рано наутро.
Убавка Јаневска