Велешанец каснат од бездомно куче и казни за не носење на маски
Во полициска станица Велес, вчера, 57 годишниот У.Д пријавил дека на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, бил каснат од бездомно куче.
Во текот на истиот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 29 граѓани. Од нив 21 во Велес, шест во Кавадарци и двајца во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час , од 20:00 до 05:00 часот, нема регистрирано ниту еден прекршок од страна на полициските службеници.
Од денеска полицискиот час започнува од 21:00 часот и трае до 05:00 часот, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки.
Стефани Манева