Велешанец нападнал вработена во казино, потоа и го одзел и мобилниот телефон
Објавено на 3 август, 2023 во 15:33

Четириесет и девет годишниот Р.А од Велес бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес на 1 август, вторник, во 16:25 часот. Тој дваесет минути претходно во казино најпрво побарал пари од вработените и откако бил одбиен почнал да се заканува и со тврд предмет оштетил апарат.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија и дека според пријавеното, велешанецот физички нападнал една од вработените и и го одземал мобилниот телефон.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Дума.мк
