Велешанец повреден во сообраќајка на улица, се здобил со тешки телесни повреди
Со отворена рана на главата и повреди на скелет велешанец, вчера, околу пладне бил транспортиран во Општа болница Велес од страна на екипата на Итна медицинска помош. Тој бил облеан во крв кога на местото на сообраќајката стигнале лекарите. Во него удрил автомобил кој се движел по улица „8-ми септември“пред аптеката спроти централниот градски паркинг.
-По направените лекарски прегледи кај пациентот констатирани се тешки телесни повреди. Тој се здобил со четири скршени ребра и отворена рана на главата. Во моментов е во болница, рече портапорлката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека незгодата се случила вчера, во 10:20 часот.
-Патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистерски ознаки, управувано од И.П.(47) од Велес, удрило во Б.Ј.(58) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека бил извршен увид на местото на незгодата од страна на увидна екипа.
Стефани Манева