Велешанец се заканувал на неговата мајка и баба
Објавено на 30 јуни, 2022 во 11:40
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, го лишеле од слобода триесет годишниот В.М од Велес којшто се заканувал на неговата мајка и баба.
-Кај него исто така, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана, соопштија од СВР Велес.
Оттаму информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева