Велешанец со мопед се обидел да избега и да удри во полициски службеник, откако бил фатен, кај него била пронајдена дрога

Објавено на 7 септември, 2023 во 14:28

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 13:50 часот, го лишеле од слобода дваесет и седум годишниот С.Т од Велес. Полицајците, при преглед кај него и на мопедот којшто го управувал пронашле и одземале хероин и марихуана.

-Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Велешанецот бил приведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.