Велешанецот Стојанче Клифов не е пронајден, полицијата трага и семејството бара помош од граѓаните  

Објавено: 8 декември, 2025, во 13:27 часот

Не е пронајден четириесет и седум годишниот Стојанче Клифов од Велес. Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, во 13:00 часот, примил пријава од братучедка на Клифов, Ј.К.(57) од Велес, во која е наведено дека Стојанче се оддалечил од домот и не се вратил.  „Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето,“ додава Сектор за внатрешни работи Велес.

Во исто време по својот син, брат и братучед, трага и семејството на Стојанче. Според изјава на неговата сестра, четириесет и седум годишниот Велешанец од домот во кој живеел заедно со родителите излегол во саботата, околу полноќ и користел такси превоз, до еден од маркетите на „Жито„ во градот. По излегување од такси возилото се губи сигналот на мобилниот телефон што со себе го носел Стојанче.

Семејството на исчезнатиот Стојанче со цел да го пронајдат побрзо својот син и брат на полицијата и ставиле на располагање фотографии. Стојанче Клифов е крупен маж и висок 1,83 см.

„Секоја информација е добредојдена, замолуваме за помош и од граѓаните,“ гласи апелот на семејството кое го објави моб.телефонски број 076/ 226 323 на сестрата Наташа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.