Велешани во месец мај ќе добијат објект за масовна имунизација
Министерот за здравство Венко Филипче денеска за Дума.мк потврди дека Велес ќе добие пункт за масовна имунизација. Објектот во кој ќе се извршува вакцинирањето на граѓаните со вакцини против ковид-19 ќе биде определен и имунизацијата ќе започне подоцна во месец мај.
Потврдата од првиот лекар во државата стигнува три дена откако пратеникот д-р Ненад Коциќ и Градоначалникот на Велес ,Аце Коцевски соопштија дека водат преговори и добиле потврда од министерот Филипче за отворање на вакцинални пунктови за масовна имунизација во Велес. Иницијативата на пратеникот и на градоначалникот била да не се изложуваат велешани и граѓаните од соседните општини како Чашка, Градско и Лозово на финансиски трошоци и дополнително време за имунизација во Кавадарци или во Скопје
Сега најверојатно се чека прво да бидат ставени во употреба објектите за масовна имунизација во шесте градови во државата, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, за да биде ставен во функција и во Велес.
Убавка Јаневска