Велешанка пријавила дека нејзиниот син се изгубил, полицијата го нашла над црквата Св. Пантелејмон кај „Маскарот“
Објавено на 7 декември, 2023 во 11:10
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 20:10 часот, педесет и пет годишната Д.Т од Велес пријавила дека нејзиниот триесет и пет годишен син Б.Т со здравствени проблеми и се јавил и и кажал дека се изгубил на гробиштата и не знае да се врати дома.
– Полициски службеници веднаш излегле на посочената локација и по преземени мерки и пребарување на терен го пронашле лицето над црквата Св. Пантелејмон, кај место викано „Маскарот“, соопшти портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.
Оттаму додаваат дека лицето било пренесено во здравствена установа.
Дума.мк