Велешки Црвен крст ја одржа првата обука од програмата „Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности“

Четириесет ученици од основните и средни училишта во градот, беа дел од првата обука организирана од страна на велешки црвен крст која е дел од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
-Започна новиот циклус на програмата. Се спроведе првата од предвидените три обуки преку кои младите волонтери ќе научат како да изработат мал проект за доброто на заедницата. По завршувањето на обуките тие ќе бидат поделени во шест групи и до мај ќе изработат шест мали проекти, соопштија од Црвен крст – Општинска организација Велес.
Програмата „ЦКА – ПХВ“ се реализира над две децении и ја спроведува локалниот дисеминатор Сара Јовчевска од Црвен крст – Општинска организација Велес.
Од велешки Црвен крст упатија благодарност до средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во чии простории се одржала првата обука.
Стефани Манева
