Велешки Основен суд закажа Собрание, доверителите ќе го разгледаат и одлучат за Планот за реорганизација на „Колска“
Објавено на 28 јануари, 2025 во 12:40
Основен суд Велес, преку веб страницата, извести дека поведена е претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка со постапка за Реорганизација по изготвен План за реорганизација над должникот Друштво Фабрика на шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес, со седиште на ул.Алексо Демниевски-Бауман бр.69.
Рочиштето за одлучување за предлогот и гласање за планот за реорганизација изготвен од должникот закажано е на ден 19 март 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во судница бр.8.
Убавка Јаневска