Велешките пожарникари ноќеска гаснеле запален автомобил кај Железен мост

Објавено на 10 јули, 2024 во 10:23

Територијална противпожарна единица Велес, ноќеска, два часа и 25 минути по полноќ добила пријава за запалено патничко моторно возило на улица „Димитар Влахов“ кај Железен мост.

Тројца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш излегле на лице место и со брзата интервенција за краток период го изгаснале возилото.

Од ТППЕ Велес апелираат доколку забележите пожар веднаш да се јавете на бесплатните телефонски броеви 193 и 112.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.