Велешките ученици на едукативен настан за дијабетес

Објавено: 28 ноември, 2025, во 14:55 часот

Ученици од основните и средните училишта,, наставници и здравствени работници заедно ја подигнаа свеста за дијабетесот кај децата и младите, со едукативен настан одбележувајќи го Светскиот ден на дијабетесот во Јуроп Хаус Велес.

Гостин-предавач беше проф. д-р Елена Шукарова Ангеловска, специјалист по педијатрија од Одделот за ендокринологија и генетика, која одржа стручно предавање за дијабетесот кај децата и младите, важноста на превенцијата и навремено препознавање на симптомите.

Учениците од образовниот профил медицинска сестра имаа можност да демонстрираат правилно мерење на нивото на шеќер во крвта, овозможувајќи им на присутните да научат практични техники за контрола на здравјето и значењето на здравите животни навики.

Во реализацијата на настанот активно учествуваа и волонтерите од Младински центар Велес, кои со интерес се вклучија во разговорите за рано препознавање и превенција на дијабетесот.

Организатор на настанот беше тимот наставници задолжени за програмата „Унапредување на здравјето“ од ССОУ „Димитрија Чуповски“ поточно Драгана Јованова, Весна Славеска, Весна Смилевска, Мимоза Јовиќ, Теодора Ботарева и Љубинка Ртоска, во соработка со родителите на училиштето, главната сестра Баже Наневска како и тимот од ЈЗУ Општа болница Велес.

На самиот крај од настанот, организаторите изразија благодарност до проф. д-р Шукарова Ангеловска за професионалниот придонес, до родителите за нивната поддршка и до ЈЗУ Општа болница Велес за континуираната соработка.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.