Велешкото хемиско технолошко училиште образуваше генерации на врвни инжинери, докажани директори и работници во Македонија (фото и видео)
Пред 55 години кога го завршија средното хемиско училиште беа неколку пати побројни. Денеска дел од нив беа спречени но дваесеттина матуранти на поранешното ХТТУ „Борис Кидрич“ сега ССОУ„Димитрија Чуповски“ дојдоа во Велес од Битола, од Пробиштип, од Скопје за да се сретнат на генерациска средба. Нивни домаќини беа соучениците од Велес.
Јубилејот го одбележаа со собирање во дворот на средното хемиско технолошко техничко училиште кое им овозможи да се стекнат со солидно образование и да станат врвни македонски технолози, дел од нив и раководители на познати македонски фирми како „Европа“,„ОХИС“,„Скопска Пивара“, друг дел почитувани работници, дипломати, како и професори. Оваа генерација е позната и по ученици кои завршиле по два или повеќе факултети.
Пензионираната инжинерка по технологија Јанка Иванова Узунова се присети дека е дел од една многу солидна генерација на средното хемиско училиште во Велес тогаш единствено на територијата на Македонија.
И не само во Македонија туку се докажавме на останати континенти на земјината топка, рече дипл. инг. технолог по хемиско инжинерство, Цане Глигуровски родум од Битола. Тој работел и се пензионирал во Австралија.
Сава Димитрова, поранешна директорка на „Европа“ АД Скопје е една од ученичките на оваа генерација на велешкото средно хемиско технолошко техничко училиште. Таа зборува за квалитетот на образованието што го стекнала во ова велешко средно училиште.
Дел од оваа генерација е и новинарот,колумнист и аналитичар Мирче Адамчевски, професорката Светлана Нацева како и многу други почитувани инжинери и работници. Јубилејна, 55 Генерациска средба на матуранти од Хемиско училиште во Велес традиционално продолжи во угостителскиот објект „Офицерски“ на сите ним добро познат од времето на средношколските денови.
Убавка Јаневска