Велешки Црвен Крст одржа едукативна работилница со пензионери
Едукативна работилница преку која возрасните лице се запознаа со своите права како и со актуелните болести од кои најчесто се заболува во овој период од годината беше спроведена во Здружение на пензионери. Ја одржаа волонтери на велешки Црвен крст. За време на работилницата присуствуваа повеќе граѓани на возраст од 62 до 90 години.
-Активноста се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“. Како дел од Неделата за грижа на стари лица во Општинската организација на Црвен крст од Велес функционира и мобилен тим за набавка на храна, хигиенски средства и лекови, велат од Општинска организација на Црвен крст Велес.
Оваа работилница се одржа по повод „Неделата за грижа на стари лица“ којашто започна на 14 ноември и ќе трае до 20 ноември,годинава.
Стефани Манева