Велосипедист е повреден на патот кон Езеро Младост во незгода со автомобил, со Итна помош пренесен бил во велешка болница

Незгодата се случила, денеска, околу 14:00 часот, на регионалниот пат Велес – Езеро Младост помеѓу велосипедистот Ј.З (54) како и автомобил со велешки регистерски таблички. Возачот и авомобилот биле на местото на незгодата. Таму била повикана Итна помош на Здравствен дом Велес која се упатила со едно амбулантно возило и интервенирала над повредениот велосипедист.
Според д-р Наталија Петровска повредениот пациент се жалел на болки во ципата, колкот и глуждот на ногата. Тој добил прва медицинска помош, бил мобилизиран и во свесна состојба пренесен во Општа болница Велес.
Потпаролката на Општа болница Велес, д-р Билјана Босилкова, го потврди приемот на пациентот во Хирушки амбуланти и соопшти дека по прегледите на Ј.З му биле назначени рентгенски снимања од лекар специјалист хирург. По стигнување на резултатите др Босилкова додаде дека ќе ја соопшти здравствената состојба на пациентот.
Локацијата на која се случила денешната незгода е најстрмниот дел од угорницата на регионалниот пат кој води кон велешко езеро. Тоа е омилена рута на многу велосипедисти и по реконструкцијата на патот, којшто е стеснет.
Убавка Јаневска
