(Видео) Д-р Тодорова, велешанката во тимот на Универзитетска клиника за ортопедски болести Скопје којшто за прв пат во Македонија отстрани тумор од рамо
Д-р Теодора Тодорова родена е во Велес пред 29 години. Таа била ученичка на ООУ„Васил Главинов“ и на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во медицинската паралелка во која се образува профилот медицински лаборант. Тодорова се запишува на Медицински факултет на УКИМ во 2013 година и пет години подоцна е дипломирана лекарка по Општа медицина. Лекарката имала чест да биде дел од тимот за Итна помош на Здравствен дом Велес во период од шест месеци, токму во времето на ковид пандемијата кога, како што рече, учела од многу искусни здравствени работници кои несебично и пожртвувано работеле во услови на пандемија.
Д-р Тодорова од 2021 година е дел од тимот на Клиника за ортопедски болести во Скопје каде ја започнала специјализацијата по Ортопедија, под менторство на Проф. д-р Милан Самарџиски, којшто е и раководител на Оддел за мускулно скелетна онкологија на Универзитетска клиника за ортопедски болести како референтен центар во Македонија за третман на пациенти со онколошка паталогија. Токму нејзиниот ментор и ја укажал довербата, пред четири дена, да биде дел од неговиот, тимот што го предвеше Проф. д-р Милан Самарџиски, на првата операција за отстранување на тумор од рамо.
Лекарката за Дума.мк пластично објасни од кого и што всушност цели шест часа, на 8 јуни, годинава, се работело во операционите сали на Универзитетската клиника која имала и има врвни лекари, со знањa и компетенции, да спасуваат животи на пациенти со сериозни дијагнози.
Д-р Тодорова вели дека не се опишува со зборови задоволството да се биде дел од мотивиран и стручен тим којшто испиша ново поглавје во историјата на ортопедската онкологија во државата.
Еве што лекарката одговори на прашањето на Дума.мк дали ќе остане во Македонија откако ќе ја заврши и шест месечната доедукацијата на Клиниката „ЛКХ“ во Грац, чиј стидендист е во моментов.
Д-р Теодора Тодорова инсистираше да го реобјавиме севкупниот тим којшто успешно ја реализираше првата операција на вадење тумор од рамо во државата составен од специјалисти радиолози, паталози, хирурзи, анестезиолози, онколози, ортопеди и по нуклеарна медицинска физика.
Предоперативната подготовка и радиодијагностика ја спроведе Др. Ивана Панчевска, тимот хирурзи: Проф. д-р Милан Самарџиски, др. Теодора Тодорова, Проф. д-р. Лазар Тодоровиќ, Др. Златко Алексовски, др. Индрит Капроли, Др Марио Младеновски. Тимот од Клиниката за онкологија и радиотерапија, Тим на медицински физичари кои учествуваа во подготовка и озрачување на коската: доц. д-р Душко Лукарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Александар Атевиќ (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Милена Теодосиевска Дилиндарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика), Радијациони онколози: проф. д-р Игор Стојковски (специјалист по радиотерапија и онкологија), д-р Маја Иванова (специјалист по радиотерапија и онкологија), Анестезиолошкиот тим предводен од Проф.д-р Јасминка Нанчева, др. Игор Трпковски и м.с Злата Апостолоска, тимот инструментарки предводен од м.с Сузана Пејчиновска, Биљана Тројановиќ, Валентина Стојчевска и Оливера Лазаревска, тимот на патолози предводен од Проф. д-р Славица Костадинова Куновска и д-р Тамара Ангеловска, како и васкуларниот хирург Доц. д-р Никола Граматниковски.
Убавка Јаневска