(видео) Изгаснат е пожарот над село Горно Врановци во Општина Чашка

Објавено на 23 август, 2023 во 10:11

Пожарот којшто вчера избувна на територија на Општина Чашка, во атарот на село Горно Врановце, на планината Јакупица на поголема надморска височина од околу 1500 метри, денеска е целосно изгаснат. По направеното хеликоптерско утврдување, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во видео обраќање им се заблагодари на велешките пожарникари како и на пилотите на полициските хеликоптери за брзата интервенција и посветеноста пожарот да биде изгаснат.

Инаку, пожарот избувнал вчера, во доцните попладневни часови кога горела трева, но, потоа се проширил и навлегол во шумата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License