(видео) Позната целосната програма за „61 Рацинови средби“ кои годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“
Шеесет и една година традиција на одбележување на оваа значајна манифестација којшто општина Велес го негува и секоја година се труди подобро да го организираме, рече градоналачникот Марко Колев на денешната прес конференција одржана во локалната самоуправа по повод 61-вото издание на „Рацинови средби“. Колев напомена дека пред одржување на пресот неколку настани го означиле започнувањето на „Рациновите средби“, поточно атлетската трка „Трчаме за Рацин“, потоа традиционалниот планинарски марш до планината Лопушник и утрово, околу 07:00 часот, ги испратиле ултрамаратонците кои ќе трчаат 156 километри од Велес до Лопушник.
Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни. Во видео изјавата на Ненад Витанов којшто е член на организацискиот одбор може да ја слушнете и целосната програма за „61 Рацинови средби“.
Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.
Стефани Манева