(видео) Велес по XIX пат домаќин на ИФФ, богата програма со настапи на девет странски ансамбли
Интернационалниот фолклорен фестивал кој секоја година традиционално ги собира велешани на едно место во градот и им нуди уживање во игрите, песните и шарените носии на учесниците од разни земји но и домаќините, утре, среда, на добро познатата локација во Амфитеатар на Младински парк со почеток во 20:30 часот свечено ќе биде отворено и годинешното деветнаесетото издание. Велешани ќе имаат можност четири вечери да уживаат во настапите на девет странски ансамбли но и во настапите на ансамблите од нашата држава.
Претседателот на организациониот одбор на ИФФ Велес 2024, Томе Јаневски, на денешната прес конференција ги соопшти деталите околу програмата и гостите кои доаѓаат од осум држави но додаде дека овој фестивал иако е од меѓународен карактер сепак е најголем промотор на македонската култура и традиција.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, им се заблагодари на организаторите од трите фолклорни ансамбли Керамичар, Коле Неделковски и Вила Зора што 19 години по ред го организираат фестивалот и посака уште долги години да се одржува.
Како и секоја година, ИФФ утре со почеток во 19:30 часот ќе започне со дефиле од пред ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ ќе продолжи кон Трговски центар, потоа кон улицата „Благој Ѓорев“ па се до главната Пошта, каде ќе се спушти по улицата „Алексо Демниевски“ се до Амфитеатар кадешто свечено ќе биде отворена и првата фестивалска вечер.
Стефани Манева
Програмата за сите четири фестивалски вечери: