(Видео) Велешка „Колска“ не може редовно да ги подмирува заостанатите рати кон УЈП, жиро сметката повторно блокирана
Осумдесет и двајца работници на фабриката за шински возила „Велес“ повторно се соочуваат со проблемот исплата на плата. Работниците ни пред велигденските ниту за првомајските празници земаа плата за месец март, годинава. Неизвесно е дали ќе ја добијат и во догледно време. Причина е оврската од 2 милиони денари што секој месец мора да се уплаќа на Управата за јавни приходи на име на заостанат стар долг по основ на неплатени придонеси и даноци.
И покрај добиената помош од владата, во висина од 500.000 евра, фабриката сеуште има стари долгови. Управата за јавни приходи направи законски отстапки и ја одблокира жиро сметката. Новата блокада се должи на високиот месечен износ од 2 милиони денари што сеуште мора да се плаќа за да се подмират целосно обврките кон државата. А толкав месечен износ на пари не може да се оствари поради малиот број на железнички вагони што ги испраќа на поправка и репарација ЈП „Национални железници“, вели Тони Арсовски претседател на синдикалната организација на ССМ.
Исто така поради блокадата „Колска“ не може да ги наплати ниту обврските за репарираните цистерни на „Оилко“. Погледнете го разговорот со Арсовски. Дума.мк побара став и од Управата за јавни приходи за можно решение на проблемот што ќе го објавиме штом го добиеме на емајл.
Убавка Јаневска