(Видео) Весела атмосфера на матурската вечер на матурантите од „Коле Неделковски“ во Велес

Мал дел од веселата и енергична атмосфера на матурската прослава на матурантите од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес беше споделен на официјалниот Фејсбук профил на училиштето. Снимките покажуваат моменти исполнети со насмевки, музика и забава од матурската вечер што се одржа синоќа во хотелот „Гардениа“.
На самиот почеток матурантите биле поздравени и од директорот на училиштето Горан Богоевски кој им посака многу успех и светла иднина.
Посебен момент било изненадувањето што матурантите го приредиле за свој соученик по повод неговиот роденден – гест со кој вечерта била збогатена со уште повеќе емоции.
Во продолжение, погледнете ги видеата што ги сподели училиштето на социјалните мрежи и уживајте во атмосферата.
На матурантите им посакуваме среќа и успех на новото животно поглавје што ги очекува!
Дума.мк
