Викендов,велешкиот средношколски интернат домаќин на меѓународна „Домијада“

Двеста средношколци кои се сместени во средношколски домови и студенти во студентски домови од Македонија, од држави на поранешна Југославија како и од соседството, ќе бидат учесници на „Домијада“ која што за прв пат се организира во Велес. Нивни домаќин ќе биде Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“. Со учениците и студентите на „29 Домијада“ ќе дојдат и педесеттина професори како и директори. Се очекува потврда за учество и на заменик министерот за образование на Србија.
Учениците, средношколци и студентите од Македонија, од Словенија, од Србија и од Црна Гора се организирани во натпреварувачки екипи во спортските дисциплини мал фудбал, ракомет, шах и пинг понг, во дебатен или во уметнички тим. Додека првите ќе се натпреваруваат во спортските натпревари, вторите ќе учествуваат во дебата додека третите ќе учествуваат во Ликовна колонија што ќе се одржи на плато пред Спомен Костурница каде ќе сликаат мотиви од Велес.
-Тоа се екипи кои исто како во Македонија освоиле први места во лигите на четирите региони во кои има средношколски и студентски домови како што се Скопје, Битола, Струмица, Прилеп и Охрид. Засега ги имаме победниците во Словенија, тие се од Марибор, Пула и Сплит додека од Србија се од Белград и од Ниш. Очекуваме потврда за екипите од Црна Гора како и официјална потврда за учество на земјите Косово и Албанија. Штом потврдат ќе ги знаеме и екипите како и од кои градови доаѓаат во Велес, рече Марјан Јорданов директор на Средношколски дом „Лазар Лазаревски“,
„Домијадата“ е средба на која освен натпреварувањето, освојувањето на пехари, медаљи и дипломи, започнуваат или продолжуваат пријателства. Исто како и партнерства за подготовка на заеднички проекти додека градот домаќин, годинава Велес, можност за промоција и афирмација.
„29 Домијада“ започнува во петок на 26 мај и завршува во недела на 29 мај.
Убавка Јаневска
