Винарија „Шато Сопот“ го одбележа Свети Трифун – закроени лози на лозовите насади во велешко

Со закројување на првите лозници денеска на лозовите насади на винарија „Шато Сопот“ се одбележа Свети Трифун, светецот којшто лозарите го празнуваат како свој и чувар на лозјатa. Сите вработени во винаријата закроија лозница откако тоа го стори сопственикот Сашо Клековски со семејството.

Од светителот беше побарано да го зачува родот што годинава ќе расне на лозниците и да го зголеми во споредба со сите претходни години како и повторно да се произведат квалитетни вина кои го докажуваат квалитетот на велешкото виногорје.

Одбележувањето започна со традиционалното оддавање почит кон светителот во присуство на свештеник на Повардарска Епархија на Македонска Православна црква – Охридска Архиепископија како и со неговиот благослов.

Лозници денеска во велешко се закројуваа и во останати винарии како и на приватните лозја од страна на велешани.
Убавка Јаневска
