Во еден ден, две тепачки во Велес и една во Градско

Објавено на 6 јуни, 2023 во 11:44

Во текот на вчерашниот ден, 5 јуни, во Сектор за внатрешни работи Велес, биле пријавени вкупно три тепачки од кои две во Велес и една во Градско.

Првата тепачка, била пријавена во 12:50 часот, кога во населба Превалец во Велес, педесет и осум годишниот Т.Н бил физички нападнат од четириесет и шест годишниот Љ.Д.

Потоа, во 22:00 часот, полициски службеници ги привеле дваесет и седум годишниот З.И и четириесет и четири годишниот Д.К, двајцата од Градско, бидејќи на улица „Александар Македонски“ во Градско, по кратка расправија, се степале.

Половина час подоцна, на улица „Наум Наумовски“ во Велес, поради меѓусебна тепачка биле приведени дваесет и три годишниот Н.Д и три години помладиот Д.Р како и двајца 17- годишници.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека се поднесени соодветни поднесоци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.