Во изминатото деноноќие во Велес кражба, пожар и каснување од куче

Рано утринава околу 04:05 часот, триесет и три годишниот Б.К од Велес во полициска станица Велес пријавил дека крадец со употреба на сила и закана со остар предмет сторило грабеж. Крадецот го нападнал Б.К во деловен простор на улица „Браќа Капчеви“. Поточно, кражбата се случила со тоа што ограбениот велешанец го затекнал крадецот додека влегувал во неговиот деловен објект. По полициската интервенција било утврдено дека крадецот одзел пари од службена каса. Од СВР Велес соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на крадецот и расчистување на случајот.
Исто така, вчера попладне, околу 17:40 часот, во полициска станица Велес бил пријавен пожар на нива на којашто дел била засадена со лозје во населба Речани. Пожарот бил изгаснат од пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Велес, информираат од СВР Велес. Од полицијата соопштија дека во пожарот нема повредени лица.
Во полицискиот дневен билтен внесено е и едно каснување од куче што се случило вчера, 4 јули 2022, во 14:50 часот пријавено од страна на В.П (63) на улица „Славе Петков“. Жената пријавила дека не станува збор за бездомно туку за куче чиишто сопственик е лице со иницијали Л.И. Полицијата интервенирала и по документирање на случајот најавува дека ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева
