Во недела, крводарителска акција посветена на Рацин

Објавено на 28 мај, 2024 во 13:09

Велешки Црвен крст ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на крводарителската акција којашто ја организираат во чест на Коста Солев Рацин во склоп на 61-то издание на Рацинови Средби. Акцијата ќе биде одржана во недела, на 2 јуни, во Ликовен салон.

-Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје. Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и ние да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, велат од Црвен крст Велес.

Крводарителската акција ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до 15:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.