Во Општина Чашка се полни хуманитарниот пункт за Турција и Сирија (фото)
Хартиени кеси со конзервирана храна, средства за хигиена и дезинфекција како и топла облека е глетка што ќе ве дочека во мензата на основно училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка. Жителите на оваа општина, во изминатите два дена, донираат за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во Република Турција и Република Сирија.
-Општина Чашка е збратимена општина со Чиле која се наоѓа во Измир, Република Турција. Тоа што се случи во Република Турција но и Република Сирија е трогателно. Исто така, Општина Чашка на наредниот Совет ќе донесе одлука за финансиска поддршка во рамките на нашите можност со цел да помогнеме колку што можеме во делот кадешто се настраданите, рече Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.
Овие хуманитарни пунктови од кои еден се наоѓа и во училиштето во село Мелница, се отворени од страна на Општина Чашка во соработка со Црвен крст Велес и населените места.
По завршување на акцијат, Црвен крст Велес собраната хуманитарна помош ќе ја транспортира до Република Турција и Република Сирија.
Сите заинтересирани хуманитарни жители можат да ги посетат двата пункта до петок, 17 февруари, во временски период од 10:00 до 13:00 часот.
Стефани Манева