Во Општина Чашка и Мелница отворени пунктови за хуманитарна помош за Турција и Сирија
По еден пункт за хуманитарна помош за погодените од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија се отворени во Општина Чашка и населеното место Мелница. Овие пунктови може да ги посетат сите хуманитарни жители коишто се во можност да ја покажат својата солидарност и да помогнат на жртвите.
Жителите можат да ги посетат двата пунктови од денеска, 14 февруари па се до петок, 17 февруари, годинава, во период од 10:00 до 13:00 часот. Пунктот во Општина Чашка е сместен во ООУ „ Тодор Јанев“ Населба Чашка во трпезаријата, додека во населеното место Мелница во истоименото училиштето, во училишната сала.
Инаку, сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
• Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
• како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
• За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:
1. Зимски семејни шатори
2. Ќебиња
3. Греалки на струја/плин
4. Церада (постилка за на земја)
5. Церада (зимска)
6. Вреќи за спиење
7. Столици на расклопување (се претвора во кревет)
8. Креветчиња на расклопување
9. Фенер на соларно напојување
10. Кујнски сетови
11. Храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош)
Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.
Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).
СОСТАВ НА ПАКЕТ СО ХРАНА и СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА
(РОКОТ НА ТРАЕЊЕ на производите да биде минимум 6 месеци )
Спцификација: БРАШНО тип 400 (5 кг), Шеќер 900 грам, Масло за јадење 0.900лит, Сол ситна 1 кг, Ориз 0.900 гр, Грав 0.900 гр, Конзервирана риба ( сардина)110 гр, Готова конзервирана храна 0.400 гр, Макарони паковање 0.500 гр, Филтер чај 20/1 нане, Спецификација, Детергент за машинско перење 3кг, Шампон за миење коса 1лит, Тоалетен сапун 100 гр, Тоалетна хартија 4/1 рлна, Санитарни влошки 10/1, Паста за заби 100 мл, Крема за бричење 60 мл, Бикчиња за бричење 5/1, Средства за миење на садови 0.5 лит, Влажни марамици 72/1, Четки за миење на заби.
Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија. Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари.
Стефани Манева