Во полн ек дневната новогодишна шема во Велес – Велешани веќе слават во „Страда“, сообраќајот низ градот е релаксиран (видео и фото)
Објавено: 31 декември, 2025, во 16:00 часот
Полна е кафетеријата „Страда“, на плоштад С`рмаале, со граѓани коишто го започнаа славењето на новата година. Дневната новогодишна шема е со весела атмосвера што ја стимулира музиката. Гостите со песна и игра ги одбројуваат последните часови на старата 2025 година. „Уште помалку од девет часа до новата 2026 година!“, гласеше констатацијата на неколкумина млади велешани кои рекоа дека ова е само дел на загревање пред вечерното славење исто така во кафетерија во градот.
И додека внатре, во „Страда“ се слави, на главната сообраќајница „8 Септември“ мал е бројот на граѓани кои во последен момент завршуваат со набавките на храна и на пијалоци.

Во центарот на Велес, колоната од возила е долга но не и бавна како претпладнево или во останатите денови. Впечатокот е дека граѓаните во автомобилите се враќаат од работните места и возат кон дома.


Засега се одбројуваат последните часови на 2025 година во Велес. Општиот впечаток е дека граѓаните се спремни да се збогуваат со неа, секој на свој начин, додека надежите се дека Новата, 2026 година, ќе биде многу подобра, посигурна, побезбедна и финансиски посигурна.
Нека е здрава и побериќетна!
Убавка Јаневска


