Во велешка болница 10 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 5 јануари, 2022 во 13:14
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 23 ковид пациенти од кои 13 се потврдени позитивни и девет пациенти се сомнителни на коронавирусот.
-Во изминативе 24 часа на болничко лекување примен е еден пациенти и еден пациент е испишан, соопшти порпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 10 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 16 и на Интерно Б одделение седум пациенти.
Стефани Манева