Во велешка болница денеска 32 ковид пациенти или четири повеќе од вчера
Од вкупниот број на лежечки пациенти 21 се позитивно потврдени на вирусот додека тројца чекаат резултати од тестирање. Единаесет пациенти се на кислородна поддршка. На болничко лекување има и шест пациенти коишто се негативни но сеуште зависни од медицинска помош и нега. Денеска од болницата не е испишан ниту еден пациент.
-На Инфективно одделение се лекуваат 27 пациенти додека на Интерно одделение оддел Б уште пет пациенти, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во изминатите 24 часа во велешка болница се примени четворица пациенти. Вчера таму се лекуваа 28 од кои 18 пациенти беа потврдени позитивни, за тројца се чекаа резултати додека седум беа негативни. Во временскиот период од петок 14 до сабота 15 јануари во болница беа примени двајца нови пациенти а испишан беше еден пациент.
Убавка Јаневска