Во велешка болница хоспитализирани се 45 ковид пациенти

Објавено на 17 февруари, 2022 во 11:58

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 45 ковид пациенти од кои 32 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти, еден на Инфективно одделение и тројца пациенти се префрлени од Интерно Б одделение на Физикална ковид одделението.

-На кислородна поддршка се 20 пациенти. На Инфективно одделение се 25 пациенти, на Интерно Б одделение седум пациенти и на Физикална ковид одделение 13 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.

Во велешка болница има 36 слободни кревети од кои 25 на Инфективно одделение и 11 на Физикална ковид одделението.

Од болничко лекување испишан е еден пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.