Во велешка болница се лекуваат 27 ковид пациенти
Објавено на 27 декември, 2021 во 13:57
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 27 ковид пациенти од кои 16 се позитивни, пет пациенти се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 17 пациенти и на Интерно Б одделение десет пациенти.
Стефани Манева