Во велешка болница се лекуваат шест ковид пациенти
Објавено на 22 март, 2022 во 10:58
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани шест ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, еден е сомнителен и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се тројца пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат четворица и на Интерно Б одделение двајца.
Стефани Манева