Водата од чешмата во Башино село не е за пиење

Објавено на 12 јули, 2022 во 10:20

Водата од природната чешма во Башино село не е за пиење соопштија од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес. Според последниот извештај во водата има присуство на Колиформни бактерии коишто се индикатор на фекално загадување со што оваа вода не може да се користи како вода за пиење.

– Според резултатите од последниот Извештај од извршена анализа за здравствена безбедност на водата за пиење од природна  чешма БАШИНО СЕЛО на 11.07.2022 год., JЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека примерокот од вода има присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење,  не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење, соопштија од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.

Побарано е од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ да изврши соодветен третман на водата во катажата и потоа да се изврши конролна проба на водата од чешмата.

За дополнителни информации и за квалитетот на водата од селската чешма, граѓаните ќе бидат навремено известени.

Во продолжение погледнете го извештајот за пиење на водата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.