Возач се здобил со телесни повреди откако камионот удрил во оградата на клучката Градско – Скопје

Објавено на 21 мај, 2025 во 12:32
Фото: Архива на Дума.мк

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 19:50 часот пријавено било дека на исклучокот од експресниот пат Прилеп-Градско кон автопатот Градско-Скопје, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци.

„Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес. Во периодот од 20:10 часот на 20 мај, до 01:20 часот на 21 мај, патничкиот и товарниот сообраќај на експресниот пат беше во прекин и беше пренасочен по регионалниот пат Градско –Росоман,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.