Возило со велешки регистерски таблици не застанало на полициски знак за сопирање во Кавадарци, возачот избегал
Објавено на 14 февруари, 2025 во 11:36

Полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, вчера, околу 13:00 часот, на улица „Киро Крстев“ во Кавадарци но возилото продолжило со движење и возачот се обидел да удри во две службени возила, по што го напуштил местото.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Стефани Манева
