За кражба, со употреба на сила, осомничен крадец во Велес
Објавено на 7 септември, 2024 во 13:36
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утрово, во 2:40 минути, го лишиле од слобода триесет и седум годишниот З.С. од село Оморани, општина Чашка. Тој осмничен е за употреба на сила и влегување во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, од каде што одзел пари.
-Осомничениот З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска