Започна избирачкиот процес за претседателските избори, членови на Избирачки одбори се на терен
Објавено на 23 април, 2024 во 12:38
Членови на Избирачки одбори на 84 Избирачки места во Општина Велес од утрово се на терен. Тие им овозможуваат на болните и изнемоштени граѓани да гласаат во нивните домови и да го изберат седмиот по ред Претседател на Македонија.
Според информациите на Општинската изборна комисија во Велес денеска гласаат 141 болни и изнемоштени граѓани. Исто така правото на глас го остваруваат и затворениците и лицата згрижени во старечки домови.
Според Единствениот избирачки список во Општина Велес право на глас на утрешните Претседателски и претстојните Парламентарни избори имаат вкупно 44.858 граѓани.
Убавка Јаневска