Затвореник на викенд отсуство во Велес му се заканувал на поранешниот адвокат, полицијата го вратила во затвор
Објавено на 31 август, 2024 во 11:42
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера во 12: 50 часот, го лишиле од слобода И.Н.(52) од Велес, затвореник на Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“, којшто бил на викенд отсуство во Велес. Причина за лишувањето од слобода е тоа што И.Н му се заканувал на неговиот поранешен адвокат.
-Тој бил приведен во полициска станица Велес и известен бил Јавен обвинител. Потоа И.Н бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ на доиздржување на казната, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Според полицијата по документирање на настанот против И.Н ќе бил поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк