Жена се повредила на работно место во велешка компанија и била пренесена во Општа болница Велес

Објавено на 28 март, 2025 во 12:45

Во Општа болница Велес со тешки телесни повреди, вчера вечер, во 23:30 часот била донесена 49 годишната  Ј.А. од Велес.

-Жената се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Велес, исоопшти портпаролката на Сектор за внатрешни работи Велес, Биљана Ѓаковска. Таа додаде дека бил известен Трудов инспекторат.

Примената пациентка на Хирушкото одделение на ЈЗУ Општа болница Велес била преппратена на ренген снимање чии резултати покажале дека се здобила со скршеница на лев рачен зглоб. Дежурните специјалисти ја санирале повредата со ставен  гипс по што била пуштена на понатамошно домашно лекување, соопшти портпаролката д-р Билјана Босилкова.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.