Жител на Подлес убил еден и ранил втор велешанец во селото
Објавено на 13 јуни, 2023 во 10:19
Шеесет и едно годишниот С.И, жител на Подлес, вчера, попладне пред неговата куќа, прво учествувал во расправија со М.В и М.Д од Велес а потоа од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон двајцата велешани.
Од здобиените повреди во амбулантата во Градско полинал М.Д (42) додека со тешки телесни повреди здобиени М.В (44) е транспортиран во велешка болница. Смртта кај М.Д ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.
-Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
Стефани Манева